Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 30

30
Господ ќе ги избави Израел и Јуда
1Слово Господово што дојде до Еремија – 2вака вели Господ, Бог Израелов: запиши ги во книга сите зборови, што ти ги кажав. 3#29,14; 32,37; Зах 10,10Зашто, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе го вратам од ропство Мојот народ, Израел и Јуда, вели Господ; и повторно ќе ги доведам во земјата, што им ја дадов на предците нивни, и тие ќе ја владеат. 4А еве ги зборовите, што ги изрече Господ за Израел и за Јуда. 5Вака вели Господ: глас од смут и ужас слушаме ние, а не мир. 6Прашајте и размислете: раѓа ли маж? А зошто гледам при секој човек рацете да му се на бедрата како при жена, кога раѓа, и лицата на сите да им се бледи? 7#Дан 12,1; Откр 16,18О, тешко, голем е оној ден, нема сличен на него; тоа е мачно време за Јаков, но тој ќе биде избавен од него. 8#3 Мојс 26,13; Ис 14,25; Ез 34,27; Наум 1,13; Пс 107,14И во оној ден, вели Господ Саваот, ќе го здробам јаремот негов, што му е околу вратот, и твоите окови ќе ги раскинам; па повеќе нема да служи на туѓинци, 9туку ќе Му служите на својот Господ Бог и на царот свој Давид, кого што ќе им го издигнам. 10#Ис 44,2; 42,11; Мих 4,4; Соф 3,13И ти, слуго мој Јакове, не бој се, вели Господ, и не плаши се, Израелу, зашто еве, Јас ќе те избавам тебе од земјата далечна и племето твое – од земјата на ропството; па ќе се врати Јаков и ќе живее спокојно и мирно и нема никој да го заплашува, 11#1,8; 5,10.18; Наум 1,9; 2 Мојс 34,6-7; 4 Мојс 14,18зашто Јас сум со тебе, вели Господ, за да те избавувам: Јас наполно ќе ги истребам сите народи, меѓу кои те прогонив, но тебе нема да те истребам; ќе те казнам по мерка, и неказнет нема да те оставам.
Господ ќе ги излечи Израел и Јудеја
12 # 10,19; Наум 3,19 Зашто така вели Господ: твојата ра­на не е излечива, болката ти е жестока; 13#46,11никој не се грижи за твоето дело, за да ти ја излекува раната; за тебе лек нема; 14#4,30; Плач 1,2.19; Јов 19,11сите пријатели твои те заборавија, не те бараат, бидејќи Јас те удрив со непријателски удари, со жестока казна за многуте твои беззаконија, бидејќи гревовите твои се намножија. 15#30,12Зошто викаш поради раните свои, од лутината на твојата болест? За многуте твои беззаконија ти го направив тоа, зашто гревовите твои се на­множија. 16#Ис 20,4; Наум 3,10Но сите, што те голтаат, ќе бидат проголтани; и сите твои непријатели – ќе појдат во ропство, и твоите пустош­ници ќе бидат опустошени, и сите твои грабачи ќе ги предадам на грабеж. 17#33,6Ќе ги обложам и ќе ги излекувам твоите рани, вели Господ. Тебе те наре­куваа отфрлен, велејќи: „Еве го Сион, за кого никој не прашува.“
Спас за Израел и Јудеја
18 # Амос 9,11 Така вели Господ: еве, ќе ги вратам заробените од шаторите на Јаков и ќе се смилувам на нивните живеалишта, и градот пак ќе биде изграден на својот рид, а и храмот ќе биде обновен, како што си беше. 19#3,16; 29,6; 3 Мојс 26,9; Ез 36,11.37; 37,26И ќе се крене од нив благодарност и глас на весели луѓе; и Јас ќе ги раз­множам, и нема да се намалуваат, па ќе ги прославам, и нема да бидат понизени. 20#Ис 1,26; 25,12И синовите негови ќе бидат како порано, и собранието негово ќе стои пред Мене, а ќе ги казнам сите негови угнетувачи. 21#5 Мојс 17,15; Зах 10,4И ќе излезе од него водач, и владетел негов ќе произлезе од него; и Јас ќе го привлечам, па ќе дојде кај Мене; зашто кој е тој што сам од себе прис­тапува до Мене? – вели Господ. 22#31,3; 3 Мојс 26,12; 5 Мојс 29,12; 2 Цар 11,17И вие ќе бидете Мој народ, а Јас ќе ви бидам Бог. 23#25,32Еве, виорот на јароста од Господ доаѓа, виор страшен; ќе падне врз гла­вите на безбожниците. 24#Јн 13,7Пламениот гнев на Господ нема да стивне, сѐ додека не ја изврши и не ја исполни замислата на срцето Свое. Во последните дни ќе го разберете тоа.

Селектирано:

Еремија 30: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се