Еремија 22:13-17
Еремија 22:13-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Горко му на оној кој гради куќа неправедно, и ги крева горните соби без право; кој го тера ближниот на работа и не му ја исплатува платата; кој вели: ‘Ќе си изградам за себе пространа куќа и проѕирни горни соби!’ Кој отвора прозорци, ги обложува со кедровина обоена црвено. Дали си затоа цар дека се фалиш со кедар? Нели татко ти јадеше и пиеше, но правеше правосудство и правда, и затоа му беше добро. Го бранеше правото на сиромашниот и на јадникот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа да Ме познава Мене? - зборува Господ. Но твоите очи и срцето одат само по печалба, за да пролеваш невина крв, за да правиш насилство и угнетување.“
Еремија 22:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тешко му на оној, кој гради своја куќа со неправда, и свои соби – со беззаконие, кој го присилува ближниот свој да му работи без награда и не му дава плата, кој вели – ќе си направам голема куќа и широки соби, и кој отвора прозорци, ги обложува со кедар и ги бојадисува со црвена боја. Мислиш ли дека си цар, затоа што си се оградил со кедар? Татко ти јадеше и пиеше, но вршеше суд и правда, па затоа му беше добро. Тој го бранеше правото на бедниот и на сиромавиот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа дека некој Ме познава? – вели Господ. Но твоите очи и твоето срце се свртени само кон корист за себеси и кон пролевање невина крв, за да угнетуваш и присилуваш.