Горко му на оној кој гради куќа неправедно, и ги крева горните соби без право; кој го тера ближниот на работа и не му ја исплатува платата; кој вели: ‘Ќе си изградам за себе пространа куќа и проѕирни горни соби!’ Кој отвора прозорци, ги обложува со кедровина обоена црвено. Дали си затоа цар дека се фалиш со кедар? Нели татко ти јадеше и пиеше, но правеше правосудство и правда, и затоа му беше добро. Го бранеше правото на сиромашниот и на јадникот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа да Ме познава Мене? - зборува Господ. Но твоите очи и срцето одат само по печалба, за да пролеваш невина крв, за да правиш насилство и угнетување.“
Прочитај ЕРЕМИЈА 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЕРЕМИЈА 22:13-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа