Еремија 17:5-6
Еремија 17:5-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Така вели Господ: проклет да е човекот кој се надева на човек и кој телото го смета за своја крепост и чие срце се одвраќа од Господ. Тој ќе биде како троскот во пустина и нема да види кога ќе дојде доброто, па ќе се насели во топли пустински места, во земја солена и непогодна за живеење.
Сподели
Прочитај Еремија 17Еремија 17:5-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ зборува вака: „Проклет да биде човек, кој се надева на човек и слабото тело го смета за своја мишка, и чие срце се одвратува од Господа. Зашто тој е како трње во пустината: не чувствува кога е среќата близу, ги престојува деновите во исушената пустина, во солена, ненаселена, земја.
Сподели
Прочитај Еремија 17