Судии 6:36-40
Судии 6:36-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Гедеон Му рече на Бога: „Ако го спасиш Израел преку мојата рака, како што говореше Ти, тогаш еве, ќе положам овде на гумното едно руно – ако има роса само на руното, а по целата земја биде суво, ќе знам дека Ти преку мојата рака ќе го спасиш Израел, како што ми рече.“ Така и стана: утредента, откако стана рано, фати да го цеди руното и исцеди роса од руното цела чаша вода. И Гедеон Му рече на Бога: „Не ми се гневи, ако пак кажам и ако само уште еднаш се обидам со руното – нека биде суво само на руното, а по целата земја да има роса.“ Така и направи Бог во таа ноќ: само на руното беше суво, а по целата земја имаше роса.
Судии 6:36-40 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Гедеон Му рече на Бога: „Ако навистина сакаш да го ослободиш Израел со мојата рака, како што вети, еве ќе сложам овчо руно на гумно: ако има роса само на руното, а ако земјата остане сува, тогаш ќе знам дека со мојата рака ќе го избавиш Израел, како што вети.“ И бидна така. Гедеон порани утреден па исцеди роса од руното - полна кофа вода. Пак Гедеон Му рече на Бога: „Не разгневувај се на мене, дека ќе Ти проговорам уште еднаш. Дозволи ми уште овој пат да се обидам со руното: само руното нека биде суво, а росата нека биде по сета земја!“ И Бог направи така во онаа ноќ: само руното остана суво, а росата падна по сета земја.