Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 6:13-18

Судии 6:13-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Гедеон му одговори: „Господаре мој, ако е Господ со нас, зошто нѐ снајде сета оваа мака? И каде се сите Негови чудеса, за кои ни раскажуваа нашите татковци, велејќи: ‚Господ нѐ изведе од Египет?‘ Сега Господ нѐ остави и нѐ предаде во рацете на Мид­јаните.“ Тогаш Господ го погледна и рече: „Оди со таа своја сила и спаси го Из­раел од раката на Мидјаните. Јас те испраќам.“ Гедеон Му одговори: „Господи, ка­ко ќе го спасам Израел: ете, и племето ми е најбедно во коленото Манасиево и јас сум најмал во домот на мојот тат­ко?“ Господ му рече: „Јас ќе бидам со тебе, и ти ќе ги поразиш Мидјаните како еден човек.“ Гедеон Му рече: „Ако сум се здобил со милост пред Тебе, дај ми доказ дека Ти говориш со мене. Не оди си оттука, додека не дојдам кај Тебе, да ти донесам дар свој и да Ти го предадам.“ Тој рече: „Јас ќе останам, додека се вратиш.“

Судии 6:13-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Гедеон му одговори: „Ох, господару, ако е Господ со нас, зошто нѐ најде сѐ ова? Каде се сите оние Негови чудеса за кои ни раскажуваа нашите татковци, говорејќи: Не нѐ изведе ли Господ од Египет? А сега Господ нѐ остави, нѐ остави во рацете на Мадијамците.“ Тогаш Господ погледна кон него и му рече: „Оди со таа сила во тебе, и ќе го избавиш Израел од рацете на Мадијамците. Јас те испраќам тебе.“ “Но, господару - Му одговори Гедеон - како ќе го избавам Израел? Мојот род е најмал во Манасиевото племе, а јас сум последен во куќата на мојот татко.“ Господ му рече: „Јас ќе бидам со тебе, па ќе ги победиш Мадијамците како еден човек.“ Гедеон Му рече: „Ако најдов милост во Твоите очи, дај ми знак дека Ти зборуваш со мене. Не заминувај оттука додека не се вратам со дар и додека не го ставам пред Тебе.“ А Тој одговори: „Ќе останам додека не се вратиш.“