Судии 6:13-15
Судии 6:13-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Гедеон му одговори: „Господаре мој, ако е Господ со нас, зошто нѐ снајде сета оваа мака? И каде се сите Негови чудеса, за кои ни раскажуваа нашите татковци, велејќи: ‚Господ нѐ изведе од Египет?‘ Сега Господ нѐ остави и нѐ предаде во рацете на Мидјаните.“ Тогаш Господ го погледна и рече: „Оди со таа своја сила и спаси го Израел од раката на Мидјаните. Јас те испраќам.“ Гедеон Му одговори: „Господи, како ќе го спасам Израел: ете, и племето ми е најбедно во коленото Манасиево и јас сум најмал во домот на мојот татко?“
Судии 6:13-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Гедеон му одговори: „Ох, господару, ако е Господ со нас, зошто нѐ најде сѐ ова? Каде се сите оние Негови чудеса за кои ни раскажуваа нашите татковци, говорејќи: Не нѐ изведе ли Господ од Египет? А сега Господ нѐ остави, нѐ остави во рацете на Мадијамците.“ Тогаш Господ погледна кон него и му рече: „Оди со таа сила во тебе, и ќе го избавиш Израел од рацете на Мадијамците. Јас те испраќам тебе.“ “Но, господару - Му одговори Гедеон - како ќе го избавам Израел? Мојот род е најмал во Манасиевото племе, а јас сум последен во куќата на мојот татко.“