Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 5:1-12

Судии 5:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во тој ден запеаја Девора и Варак, синот Авиноамов со овие зборови: „Благословувајте Го Господа зашто се одмазди за Израел, народот покажа сесрдност. Слушајте, цареви, внимавајте, кнезови; јас ќе Му пеам и ќе Му свирам на Господ, на Господ, Бог Израелов! Кога излегуваше Ти, Господи, од Сеир, кога доаѓаше од полето Едом, земјата се тресеше, небото капеше и облаците вода пролеваа; горите се топеа од лицето на Господ, дури и Синај затрепери пред Господ, Бог Израелов. Во дните на Самегар, синот Анатов, во дните на Јаел, патиштата опустеа и кои порано одеа по правите патишта, тогаш одеа по околните патеки. Во Израел немаше жител во селата, немаше, додека јас, Девора, не станав, додека не востанав јас, мајката Изра­елова. Избраа нови богови, затоа војната беше пред вратата. Се виде ли штит и копје меѓу четириесет илјади од Изра­ел? Срцето ми е кон вас, началници Из­ра­елови, кон ревнителите во народот; прославувајте Го Господа! Вие, кои јавате на бели магариња што седите во судовите и одите по патот, разгласувајте! Среде гласовите на оние што плес­каат, таму нека покажат правда, Гос­поди, зацврсти ја правдата во Израел! Тогаш народот Господов се разотиде по своите градови. Разбуди се, разбуди се, Девора, раз­буди се, па запеј песна! Стани, Варак и води ги своите платеници, сине Авино­амов!

Судии 5:1-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во тој ден Девора и Варак, синот Авиноамов, ја запеаја оваа песна: “Борбено ги растурија коските израелските борци; и народот тргна доброволно: Благословувајте Го Господа!“ “Чујте, о цареви! Послушајте, кнезови! Јас му пеам песна на Господа, јас Го славам Господа, Израелевиот Бог.“ “Господи, кога слегуваш од Сир, кога чекореше победнички низ Едомските Полиња, сета земја се тресеше, небесата лееја, облаците врнеа со дожд. Горите се тресеа пред Тебе, о Господи, самиот Синај од присуството на Господа, Израелевиот Бог!“ “Во деновите на Самегар, синот Анатов, во деновите на Јаила запустеа патиштата; и оние кои што патуваа, обиколуваа наоколу. Водачите престанаа во Израел, престанаа додека не станав јас, Девора, додека не станав како мајка на Израел. Си избраа туѓи богови и затоа војната им застана пред вратата. За пет градови немаше ни еден штит! Ниеден цар за четириесет илјади во Израел! Моето срце чука за израелските водачи, за народот што доброволно тргнува во бој! Благословувајте Го Господа!“ “Вие, кои јавате на бели ослици, седејќи на меки постелки, и вие кои одите по патиштата, пејте, покрај извиците на развеселените пастири кај поилата. Нека бидат славени Господовите добротворства и Неговото владеење со Израел! И Господовиот народ слезе на вратата.“ “Разбуди се, Деворо, стани! Стани, запеј песна! Храбро, стани, Вараку, води ги во робје своите поробувачи, сине Авиноамов!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност