Исаија 6:1-5
Исаија 6:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во годината кога умре цар Озија, јас Го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на облеката Негова го исполнија целиот храм. Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две други ги криеше нозете свои, а со две леташе. И викаа еден кон друг и велеа: „Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!“ И се разниша горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим. И реков: „Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, – а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот!“
Исаија 6:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во онаа година кога умре царот Озиј, Го видов Господа како седи на висок и возвишен престол. Скутовите на Неговата плаштеница го исполнуваа Храмот. Над Него стоеја серафимите; секој имаше по шест крила: две крила за да го засолне лицето, две крила за нозете, а со две крила леташе. И си велеа еден на друг: „Свет! Свет! Свет е Господ над Воинствата! Сета земја е полна со Неговата слава!“ Од грмливите гласови на оние кои воскликнуваа се стресоа довратниците на праговите, а Домот се исполни со дим. Реков: „Тешко мене, пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, а моите очи Го видоа Царот, Господ над Војските!“