Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 6

6
Г. Повикување на Исаија
1. Откровение на Божја светост
1Во онаа година кога умре царот Озиј, Го видов Господа како седи на висок и возвишен престол. Скутовите на Неговата плаштеница го исполнуваа Храмот. 2Над Него стоеја серафимите; секој имаше по шест крила: две крила за да го засолне лицето, две крила за нозете, а со две крила леташе. 3И си велеа еден на друг: „Свет! Свет! Свет е Господ над Воинствата! Сета земја е полна со Неговата слава!“ 4Од грмливите гласови на оние кои воскликнуваа се стресоа довратниците на праговите, а Домот се исполни со дим.
2. Покајание на Исаија, исповед и очистување
5Реков: „Тешко мене, пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, а моите очи Го видоа Царот, Господ над Војските!“ 6Еден од серафимите долета кон мене: во рацете имаше жар што го зеде со клешти од жртвеникот; 7се допре со неа до мојата уста и рече: „Еве, ги допре твоите усни, вината ти е симната и гревот очистен.“
8Тогаш го чув Господовиот глас: „Кого да испратам? И кој ќе ја однесе нашата порака?“ Јас реков: „Еве ме, испрати ме мене!“
3. Повелба за служба
9Тој одговори: „Отиди и речи му на тој народ: ‘Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, и со очите ќе гледате, но нема да видите.’ 10„Закорави му го срцето на овој народ, заглуши му ги ушите, заслепи му ги очите, да не гледа со очите, да не слуша со ушите и да не разбира со срцето, и да не се обрати и да не се излекува.“ 11Јас реков: „До кога, о Господи?“ Тој ми одговори: „Додека не запустат градовите и не останат без жители, додека куќите не бидат без никој жив, и додека земјата не стане пустина, 12додека Господ не ги протера луѓето далеку. Тешко истребување ќе ја погоди земјата, 13и ако остане во неа уште една десетина, и таа ќе биде сотрена како даб кога ќе го пресечат до пенушката. Нивната пенушка ќе биде свето семе.“

Селектирано:

ИСАИЈА 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност