Исаија 59:12-17
Исаија 59:12-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто престапите наши пред Тебе се многубројни, гревовите наши сведочат против нас; со нас се престапите наши, беззаконијата наши ги знаеме. Ние изневеривме и се одрековме од Господ и отстапивме од нашиот Бог; говоревме клевета и насилство, зачнувавме и раѓавме од срцата наши лажливи зборови. И справедливоста отстапи назад, а правдата застана далеку; зашто вистината се сопна на плоштадот, чесноста не можеше да влезе. И исчезна вистината, а кој се оддалечува од злото, се изложува на ограбување. И Господ го виде тоа; и на очите не Му беше мило што нема правда. И виде дека немаше човек, се чудеше дека немаше застапник; тогаш Неговата рака Му помогна и правдата Негова Го поддржа. И ја облече врз Себе правдата како оклоп, а на главата Своја го стави шлемот на спасението; и се облече во кошула на одмазда како во облека, се покри со ревност како со наметка.
Исаија 59:12-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто се многу нашите престапи пред Тебе, и нашите гревови сведочат против нас. Навистина, нашите престапи се пред нас, ние ја знаеме нашата вина; се побунивме и Го одрековме Господа, се одметнавме од својот Бог, зборувавме подмолно, одметнички, мрморевме лажливи зборови во срцето. Така е истиснато правосудството, и правдата стои далеку. Зашто вистината се сопна на раскрсниците, и нема веќе пристап кон чесноста. Вистината исчезна, а кој се отстранува од злото, ќе биде пленет. Господ гледа, и не Му е мило зашто нема правда. Виде дека нема човек, се зачуди дека нема посредник. Тогаш Му помогна Неговата мишка и Неговата правда Го потпре. Ја облече праведноста како оклоп, го стави на главата шлемот на спасението. Со одмаздата се облече како со облека, со ревноста се наметна како со наметка.