Зашто престапите наши пред Тебе се многубројни, гревовите наши сведочат против нас; со нас се престапите наши, беззаконијата наши ги знаеме. Ние изневеривме и се одрековме од Господ и отстапивме од нашиот Бог; говоревме клевета и насилство, зачнувавме и раѓавме од срцата наши лажливи зборови. И справедливоста отстапи назад, а правдата застана далеку; зашто вистината се сопна на плоштадот, чесноста не можеше да влезе. И исчезна вистината, а кој се оддалечува од злото, се изложува на ограбување. И Господ го виде тоа; и на очите не Му беше мило што нема правда. И виде дека немаше човек, се чудеше дека немаше застапник; тогаш Неговата рака Му помогна и правдата Негова Го поддржа. И ја облече врз Себе правдата како оклоп, а на главата Своја го стави шлемот на спасението; и се облече во кошула на одмазда како во облека, се покри со ревност како со наметка.
Прочитај Исаија 59
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 59:12-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа