Исаија 58:4-5
Исаија 58:4-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ете, вие постите за да се препирате и за да се карате и за да ги биете бедните со тупаницата. Не постете веќе како денес, и ќе ви се чуе гласот во висината! Зар Мене Ми е по волја таков пост во денот кога човекот се измачува? Да се наведнува главата кон земјата како трска, да се постила под себе вреќиште и пепел, сакаш ли тоа да го наречеш пост и ден угоден на Господа?
Исаија 58:4-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ете, вие постите за караници и расправии и за да ги биете со рака сиромасите; со таков пост со каков што постите денес, гласот ваш нема да биде чуен во висините. Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господ?