Исаија 49:14-16
Исаија 49:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Сион велеше: „Ме остави Господ, мојот Бог ме заборави!“ Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам. Ете, на Своите дланки сум те врежал; твоите ѕидишта секогаш се пред Мене.
Сподели
Прочитај Исаија 49Исаија 49:14-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сион рече: „Господ ме остави, Господ ме заборави.“ Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе. Ете, те врезав во Своите дланки, твоите ѕидови секогаш Ми се пред очите.
Сподели
Прочитај Исаија 49