Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 49

49
Божјиот слуга е виделина за идолопоклониците и спасение за Израелците
1 # 41,1; 44,2.24; Ер 1,5; Пс 2,7; Гал 1,15 Слушајте Ме, острови, и внимавајте, народи далечни: Господ Ме повика уште од утробата, од мај­чината Ми утроба го спомна името Мое; 2#51,16; Евр 4,12; Откр 1,16; 19,15ја направи устата Моја како остар меч: под сенката на раката Своја Ме криеше и Ме направи изострена стрела; во Својата торба за стрели Ме чуваше; 3#42,1; 44,23; Мт 3,17Тој Ми рече: „Ти си Мој слуга, Израеле, – во Тебе ќе се прославам.“ 4#40,10.27; 53,10-12; Ер 20,7; Гал 4,11Јас, пак, реков: „Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум ја истрошувал силата Своја.“ Но правото Мое е во Господ, и наградата Моја е во Мојот Бог. 5#43,4; Мих 5,3; Пс 110,3; Јн 17,5; Фил 2,8-11А сега вели Господ, Кој уште од утробата Ме направи слуга Свој, да го вратам кон Него Јакова, за да се собере при Него Израел; а кога ќе се собереме, ќе се прославам во Господ и Мојот Бог ќе биде Моја сила. 6#42,6; 60,3; Пс 98,2; Лк 2,32; Јн 1,4; Дела 13,47И Тој рече: „Малку е тоа што Ти ќе Ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израелов, туку Јас ќе Те напра­вам светило за народите, за да се раши­ри спасението од Господ до краиштата на земјата.“
Господ ќе го избави Својот народ
7 # 41,14; 44,6; 52,15; 53,3; 60,10 Така вели Господ, Искупителот на Израел, Светецот негов, на презрениот од сите, на прекоруваниот од народот, на слугата на силните: царевите ќе Те видат, кнезовите ќе станат и ќе се поклонат заради Господ, Кој е верен, заради Светецот Израелов, Кој Те избрал. 8#42,6; 54,3; Пс 69,13; 2 Кор 6,2Вака вели Господ: „Во благопријатно време Те чув и во денот на спасението Ти помогнав; и Јас ќе Те пазам и ќе Те направам завет на народот, за да ја подигнеш земјата, да им ги вратиш на наследниците опустошените наслед­ства. 9#42,7; Пс 23,1-2Да им кажеш на затворените: изле­зете, и на оние, што се во темнина: по­кажете се. Крај патиштата ќе пасат тие, по сите ридови ќе бидат нивните пасишта. 10#4,5-6; 25,4-5; 35,7; 41,17; 4 Мојс 20,11; Пс 121,6; Јн 4,1; Откр 7,16Нема да трпат глад и жед, нема да ги удри припек и сонце; зашто Оној, Кој ги милува, ќе ги води и ќе ги доведе при извори водни. 11#11,16; 40,3-4И сите Мои гори ќе ги направам друмови, Моите патишта ќе бидат издигнати. 12#43,5-6; Пс 107,2-3Ете, едни ќе дојдат оддалеку; и ете – едни од север и од морето, а други – од земјата Синим.“
Божјата милост
13 # 40,1; 44,23; 52,9; Пс 69,10 Радувајте се, небеса, и весели се, земјо; воскликнувајте од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ и ги помилува Своите страдалници. 14#40,27; 54,8; Ос 11,8; Пс 22,1-2; 89,39-52А Сион велеше: „Ме остави Господ, мојот Бог ме заборави!“ 15#44,21; Ер 31,20Може ли жена да го заборави поро­дот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го забора­вила, Јас тебе нема да те заборавам. 16#44,5; 60,10; Песна 8,6Ете, на Своите дланки сум те вре­жал; твоите ѕидишта секогаш се пред Мене. 17Твоите ѕидари ќе побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и пустошници ќе си отидат од тебе. 18#45,23; 60,4Крени ги очите и погледај наоколу, – тие сите се собираат, доаѓаат кон тебе. Жив сум Јас! вели Господ, – со сите нив ќе се облечеш како со накит и ќе се промениш со нив како невеста.
Светла иднина за Ерусалим
19 # Ер 51,34 Зашто твоите урнатини, твоите пустини и твојата разорена земја сега ќе бидат многу тесни за жителите, кога оние, што те голтаа, ќе си отидат од тебе. 20#47,9; 54,1-3; Плач 2,21Децата што ги имаш, бидејќи си ги изгубила поранешните, ќе ти говорат гласно: „Тесно е местото за мене; отста­пи ми, за да можам да живеам.“ 21#1,2; 65,23; 66,8; Ер 31,27; Зах 2,8И ти ќе речеш во срцето свое: кој ми ги роди? Јас бев бездетна и бесплодна, одведена во плен и отфрлена; но, кој ги одгледа? – Ете, јас си бев сама; а тие каде беа? 22#11,10-12; 40,11; 60,4; 62,10Вака вели Господ Бог: „Ете, ќе ја кренам раката Своја кон народите, ќе им дадам знак на племињата, – и ќе ги донесат синовите твои на раце и ќерки­те твои – на раменици. 23#41,20; 45,3; 60,10.14-16; Ер 9,23; Пс 25,3; 72,9И царевите ќе бидат твои храни­тели, и нивните царици ќе бидат твои доилки; со лицето до земјата ќе ти се поклонуваат и ќе го лижат правот од нозете твои, и ќе дознаеш дека сум Јас Господ, дека оние, што се надеваат на Мене, нема да се посрамат.
Господ е на наша страна
24 # Мт 12,29 Може ли да се одземе плен од си­лен, и можат ли да се одземат заробени од победникот?“ 25#41,11; Ер 31,11; Пс 35,1; Лк; 11,21-22Да, така вели Господ: и секој заро­бен од јунак ќе биде одземен и грабежот од тиранинот ќе биде вратен; зашто Јас се борам со твоите противници и ќе ги спасам твоите синови; 26#9,19; 41,14; 47,4; 60,16; Откр 16,6ќе ги нахранам твоите угнетувачи со нивното сопствено месо, ќе бидат на­поени со својата крв како со ново вино; и секое тело ќе дознае дека Јас сум Гос­под, твој Спасител и твој Искупител, Силниот Бог Јаковов.

Селектирано:

Исаија 49: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност