Исаија 49:13-18
Исаија 49:13-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Радувајте се, небеса, и весели се, земјо; воскликнувајте од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ и ги помилува Своите страдалници. А Сион велеше: „Ме остави Господ, мојот Бог ме заборави!“ Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам. Ете, на Своите дланки сум те врежал; твоите ѕидишта секогаш се пред Мене. Твоите ѕидари ќе побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и пустошници ќе си отидат од тебе. Крени ги очите и погледај наоколу, – тие сите се собираат, доаѓаат кон тебе. Жив сум Јас! вели Господ, – со сите нив ќе се облечеш како со накит и ќе се промениш со нив како невеста.
Исаија 49:13-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Воскликнувајте, небеса, весели се земјо, подвикнувајте од веселба планини; зашто Господ го теши Својот народ, Тој им е милостив на страдалниците. Сион рече: „Господ ме остави, Господ ме заборави.“ Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе. Ете, те врезав во Своите дланки, твоите ѕидови секогаш Ми се пред очите. Твоите обновувачи итаат, твоите разурнувачи и запустувачи си одат од тебе. Обѕрни се околу себе и погледај: сите се собираат и доаѓаат кон тебе. Жив Сум - слово е Господово - со сите нив ќе се облечеш како со накит, и ќе се украсиш со нив како невеста!