Исаија 28:24-26
Исаија 28:24-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Земјоделецот секогаш ли ора, за да посее, секогаш ли ора бразди и ја израмнува земјата своја? Не, откако ќе ја израмни површината, тој сее граор, распрскува ким или фрла пченица, на редови и јачмен во определеното место, а најпосле 'рж по сртовите. И на таков ред го учи неговиот Бог; Тој го упатува.
Сподели
Прочитај Исаија 28Исаија 28:24-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ора ли орачот секој ден, дали отвара бразди, дали влече брана во својата нива? А кога ќе ѝ ја израмни поврвнината, не сее ли грав, не турува ли ким? Пченица каде што треба, просо и јачмен, и најпосле ‘рж по рабовите? Неговиот Господ го упатува, Тој го учи на вистинско дело.
Сподели
Прочитај Исаија 28