Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 11:1-9

Исаија 11:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И ќе потера фиданка од Јесеевата пењушка, и стебло ќе израсне од нејзиниот корен; ќе почива врз Него Дух Господов, дух на мудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и богобојазли­вост; ќе се исполни со страв Господов, ќе суди, не според тоа како што очите Не­гови гледаат; и ќе ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат. Тој ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалниците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот. Појас на половината Негова ќе биде правдата, а појас на бедрата Негови – вистината. Тогаш волк ќе живее со јагне, лео­пардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо. Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господ, како што водите го полнат морето.

Исаија 11:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ќе изникне фиданка од Јесеевите пенушки; стебло ќе никне од нејзиниот корен. Господовиот Дух ќе почива на него, дух на мудроста и на разум, дух на совет и на сила, дух на знаење и на страв, Господен. Господовиот страв ќе го вдахне, не ќе суди според виденото, ни ќе пресудува според чуеното, туку ќе им суди по правда на бедните, и прав суд ќе им изречува на бедните на земјата. Со бичот на Своето слово ќе го шибне силникот, а со здивот од устата ќе го убие безбожникот. Тој со правда ќе ги препаше бедрата, а со верност страните. Волкот ќе живее со јагнето, рисот ќе лежи со јарето, телето и лавчето ќе пасат заедно, а мало детенце ќе ги води. Кравата и мечката ќе пасат заедно, а нивните млади ќе лежат заедно, лавот ќе јаде слама како говедо. Доилче ќе си игра над дупката на змијата, цицалчето ќе ја вовлекува раката во змииното легло. Не ќе се прави повеќе зло, не ќе се опустува на сета Моја света гора: земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност