Осија 3:1-5
Осија 3:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа Господ ми рече: „Оди и повторно засакај ја жената, која ги сака злото и прељубата, како што Господ ги сака синовите Израелови, а тие гледаат по туѓи богови и ги сакаат нивните пити од грозје.“ Ја откупив за петнаесет сребреници и за гомер и полугомер јачмен; па ѝ реков: „Ќе останеш кај мене подолго време; не блудствувај и не оди со други; а и јас нема да ти приоѓам.“ Зашто синовите Израелови ќе останат долго време без цар, без кнез и без жртви, без жртвеник, без ефод и без јавување. Потоа синовите Израелови ќе се повратат и ќе Го побараат Господа, својот Бог, и Давид, својот цар, ќе се чудат пред Господ на Неговата благост во последните дни.
Осија 3:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Потоа Господ ми рече: „Оди пак, љуби ја жената која љуби друг и прави прељуба, како што Господ ги љуби Израелевите деца, додека тие се свртуваат кон други богови и копнеат по колачиња од грозје.“ Тогаш јас ја купив за петнаесет сребреници, за гомор и летек јачмен, и ѝ реков: „За многу дни ќе ми останеш повлечена; не ќе блудничиш ниту ќе му се даваш на некој човек, а ни јас нема да пристапувам кон тебе.“ Зашто многу денови Израелевите синови ќе останат без цар и без кнез, без жртва и без столб, без наплеќник и без терафими. Потоа, Израелевите синови ќе се вратат; ќе Го бараат Господа, својот Бог, и Давида, својот цар; со страв ќе им пристапуваат на Господа и на Неговите добрини на крајот на деновите.