Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 14:1-9

Осија 14:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Самарија ќе страда, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните деца на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани. Врати се, Израеле, кај Господ твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие. Подгответе се молитвено, и обрате­те се кон Господ и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими го тоа што е добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.“ Ашур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: „О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци.“ Ќе ги излекувам од одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив. Јас ќе бидам роса за Израел; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан. Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан. Ќе се вратат под Мојата сенка, и ќе имаат жито во изобилие – па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното леванонско. Зошто ти се идолите, Ефреме? Јас те слушам и се грижам за тебе; Јас сум како зелен кипарис: од Мене ти доаѓаат плодовите.

Осија 14:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Самарија ќе биде запустена зашто се побуни против Својот Бог. Тие ќе паднат од меч, нивните младенци ќе бидат погубени, ќе им ги распорат нивните трудни жени. Израелу, врати се кај Твојот Господ Бог, зашто падна заради Твоето беззаконие. Земете ги со себе зборовите и обратете се кон Господа. Речете Му: „Одземи го од нас беззаконието и прими го за добро и ние ќе Ти дадеме благодарни приноси од своите усни. Асирецот нема да нѐ избави, и не ќе јаваме веќе коњи, ниту ќе му зборуваме на делото на своите раце: „Боже наш!“ - зашто сирачето наоѓа милост во Тебе.“ Ќе ги исцелам од нивното отпаѓање, ќе ги љубам од сето срце, зашто Мојот гнев се одврати од нив. Ќе му бидам како роса на Израел; тој ќе цвета како лилјан, ќе пушти корен како на Ливан, ќе ги шири гранките далеку, славата ќе му биде како на маслината, мирисот како Ливан. Пак ќе се врати во Мојата сенка, ќе ја одгледува својата пченица, ќе ги одгледува лозјата што ќе го добијат името на ливанското вино. Ефреме, што имаш ти уште со идолите? Јас го послушав и го погледав. Јас Сум како зелениот чемпрес: преку Мене си плодоносен со плодови.