Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 14:1-9

Осија 14:1-9 MK2006

Самарија ќе страда, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните деца на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани. Врати се, Израеле, кај Господ твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие. Подгответе се молитвено, и обрате­те се кон Господ и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими го тоа што е добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.“ Ашур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: „О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци.“ Ќе ги излекувам од одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив. Јас ќе бидам роса за Израел; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан. Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан. Ќе се вратат под Мојата сенка, и ќе имаат жито во изобилие – па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното леванонско. Зошто ти се идолите, Ефреме? Јас те слушам и се грижам за тебе; Јас сум како зелен кипарис: од Мене ти доаѓаат плодовите.