Евреите 9:27-28
Евреите 9:27-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исто како што на луѓето им е определено само еднаш да умрат, а потоа доаѓа судот, така и Христос само еднаш се принесе Себеси како жртва, за да ги искупи гревовите на мнозина. Тој ќе дојде и вторпат, но не во врска со нашите гревови, туку за да им донесе спасение на оние што желно Го очекуваат.
Евреите 9:27-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд, така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги однесе гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.
Евреите 9:27-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд, така и Христос, откако беше принесен еднаш за да ги земе гревовите на мнозина, ќе се јави вторпат без грев, а за спасение на оние кои го очекуваат.