Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 9:23-28

Евреите 9:23-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие. Зашто Христос не влезе во ракот­во­рено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас; и не да се принесува Себе како жрт­ва повеќепати, како што првосвеш­те­ни­кот влегува во светилиштето секоја го­ди­на со туѓа крв. Инаку Тој би требало многупати да пострада од созданието на светот. А сега еднаш засекогаш, до крајот на вековите, се јави за да го однесе гревот, откако се принесе Сам Себе како жрт­ва. И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд, така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги однесе гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.

Евреите 9:23-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Овие работи беа само слики на небесните оригинали и затоа мораа да се осветуваат преку вакви обреди. Но она што е на небото треба да се исчистува со жртви што се далеку подобри од обична животинска крв. Затоа Христос не влезе во Светилиштето изградено од луѓе, кое беше само копија на вистинското, туку влезе во самото небо, каде што сега се застапува за нас пред Бог. За разлика од Првосвештеникот, кој со туѓа крв секоја година влегуваше во Најсветото место, Христос не влезе во небото за да се принесува Себеси повеќепати! Да беше тоа неопходно, Тој ќе требаше да умира многупати од создавањето на светот наваму! Наместо тоа, кон крајот на времето, Тој дојде еднаш засекогаш, за вечно да му ја одземе моќта на гревот, принесувајќи се Себеси како жртва. Исто како што на луѓето им е определено само еднаш да умрат, а потоа доаѓа судот, така и Христос само еднаш се принесе Себеси како жртва, за да ги искупи гревовите на мнозина. Тој ќе дојде и вторпат, но не во врска со нашите гревови, туку за да им донесе спасение на оние што желно Го очекуваат.

Евреите 9:23-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И така, неопходно беше сликите на небесните нешта да се очистат со нив, а самите небесни нешта со жртви подобри од овие. Зашто Христос не влезе во ракотворна Светина, која е образ на вистинската, туку во самото небо, за да се јави сега пред Божјото лице за нас. И не за да се принесе многупати Себеси, како што првосвештеникот влегува во Светината секоја година со туѓа крв; зашто инаку би требало да страда многупати од создавањето на светот. Но сега, кон крајот на вековите, Тој се јави еднаш, за да го отстрани гревот со Својата жртва. И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд, така и Христос, откако беше принесен еднаш за да ги земе гревовите на мнозина, ќе се јави вторпат без грев, а за спасение на оние кои го очекуваат.