Евреите 6:16-19
Евреите 6:16-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога луѓето имаат меѓусебни расправии, тие се заколнуваат во нешто поголемо од себе. Така и Бог, сакајќи да не увери дека целосно ќе се исполнат Неговите ветувања спрема оние на кои тие им се наменети, кон Своето ветување додаде и заклетва. Бог не може да лаже! Овие две работи - Неговото ветување и заклетвата - се непроменливи и затоа, за нас што сме нашле прибежиште кај Него, тоа претставува големо охрабрување, бидејќи ние со доверба очекуваме да го добиеме тоа на што се надеваме. Таа надеж е цврста котва за нашите души и не води преку завесата во Божјото најсвето место
Евреите 6:16-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај. Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше јасно да им ја покаже Својата неизменлива волја, посведочи со клетва, та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме да се прифатиме за надежта што ни е дадена, а која е за нашата душа цврста и сигурна котва, и кој влегува дури зад завесата
Евреите 6:16-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Имено, луѓето се колнат во она што е поголемо, и секоја нивна препирка свршува со заколнување за потврдување. Затоа и Бог, сакајќи поверодостојно да им ја покаже на наследниците на ветувањето непроменливоста на Својата намера, се послужи со заклетва, така што преку тие две непроменливи работи, во кои Бог не може да измами, да имаме цврст поттик, ние кои прибегнуваме да ја дофатиме надежта што е поставена пред нас. Неа ја имаме како безбедна и цврста котва на душата, која навлегува и зад завесата