Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 6:13-18

Евреите 6:13-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Така, на пример, кога Бог му го даде Своето ветување на Авраам, Тој се заколна дека ќе го исполни тоа што го ветува, и бидејќи нема ништо поголемо од Бога, Тој се заколна во Самиот Себе, и му рече: „Јас, Господ, ти ветувам дека изобилно ќе те благословам и ќе ти дадам многубројни потомци!“ Авраам беше стрплив и го доби она што Бог му го вети. Кога луѓето имаат меѓусебни расправии, тие се заколнуваат во нешто поголемо од себе. Така и Бог, сакајќи да не увери дека целосно ќе се исполнат Неговите ветувања спрема оние на кои тие им се наменети, кон Своето ветување додаде и заклетва. Бог не може да лаже! Овие две работи - Неговото ветување и заклетвата - се непроменливи и затоа, за нас што сме нашле прибежиште кај Него, тоа претставува големо охрабрување, бидејќи ние со доверба очекуваме да го добиеме тоа на што се надеваме.