Евреите 3:1-14
Евреите 3:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, размислете за Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исус Христос. Кој Му беше верен на Оној Кој Го поставил, како и Мојсеј – во целиот негов дом. Зашто Тој се удостои со слава, толку поголема од Мојсеевата, колку што е поголема почитта што ја има оној што го изградил домот од почитта што ја има домот! Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог. И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти. Христос, како Син, е верен во Божјиот дом. Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фалиме, ги запазиме до крај. Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете гласот Негов, не жесточете ги срцата свои, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината, каде што татковците ваши Ме искушаа, Ме испитуваа, иако ги гледаа делата Мои преку четириесет години. Затоа се разгневив на тој род и реков, секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои. Па така се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот спокој.“ Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог. Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот; зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога
Евреите 3:1-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Свети мои браќа, припадници на небесната покана: погледнете Го Исуса, Кого Бог Го испрати и Го назначи како Првосвештеник на нашата вера! Тој Му беше верен на Бог, Кој Го постави, исто како што Мојсеј верно служеше и му беше доверен целиот Божји дом. Но Исус заслужува поголема слава од Мојсеј, исто како што градителот заслужува поголема почит од градбата. Секоја куќа има свој градител, а Бог е градител на се. Навистина, и Мојсеј беше верен во Божјиот дом, но само како слуга. Неговата работа беше илустрација на вистините што Бог подоцна ќе ги објави. Но Христос е верен Син и затоа Тој го раководи целото Божјо семејство, а тоа семејство сме ние, ако останеме храбри и не ја загубиме нашата надеж во Христос. Затоа, како што вели Светиот Дух: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца како вашите предци кога кренаа бунт против Бог и Го предизвикуваа во пустината! Таму вашите предци Ме предизвикуваа, иако четириесет години ги гледаа Моите дела! Тогаш се разгневив против тие луѓе и реков: Срцата на овие луѓе им се постојано во заблуди; не ги слушаат упатствата што им ги давам! Затоа, разгневен се заветував, велејќи им: ,Вие нема никогаш да влезете во местото на Моето спокојство!‘ “ Внимавајте, драги пријатели христијани! Не дозволувајте вашите срца да станат зли и да се исполнат со невера, па да отпаднете од Живиот Бог! Напротив, секојдневно, охрабрувајте се еден со друг се додека има време кое може да се нарече ,денес‘, за да не бидете измамени од гревот и да станете нечувствителни. Ако цврсто и докрај веруваме онака како што верувавме на почетокот, ќе имаме удел во се што Му припаѓа на Христос.