Свети мои браќа, припадници на небесната покана: погледнете Го Исуса, Кого Бог Го испрати и Го назначи како Првосвештеник на нашата вера! Тој Му беше верен на Бог, Кој Го постави, исто како што Мојсеј верно служеше и му беше доверен целиот Божји дом. Но Исус заслужува поголема слава од Мојсеј, исто како што градителот заслужува поголема почит од градбата. Секоја куќа има свој градител, а Бог е градител на се. Навистина, и Мојсеј беше верен во Божјиот дом, но само како слуга. Неговата работа беше илустрација на вистините што Бог подоцна ќе ги објави. Но Христос е верен Син и затоа Тој го раководи целото Божјо семејство, а тоа семејство сме ние, ако останеме храбри и не ја загубиме нашата надеж во Христос. Затоа, како што вели Светиот Дух: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца како вашите предци кога кренаа бунт против Бог и Го предизвикуваа во пустината! Таму вашите предци Ме предизвикуваа, иако четириесет години ги гледаа Моите дела! Тогаш се разгневив против тие луѓе и реков: Срцата на овие луѓе им се постојано во заблуди; не ги слушаат упатствата што им ги давам! Затоа, разгневен се заветував, велејќи им: ,Вие нема никогаш да влезете во местото на Моето спокојство!‘ “ Внимавајте, драги пријатели христијани! Не дозволувајте вашите срца да станат зли и да се исполнат со невера, па да отпаднете од Живиот Бог! Напротив, секојдневно, охрабрувајте се еден со друг се додека има време кое може да се нарече ,денес‘, за да не бидете измамени од гревот и да станете нечувствителни. Ако цврсто и докрај веруваме онака како што верувавме на почетокот, ќе имаме удел во се што Му припаѓа на Христос.
Прочитај Евреите 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Евреите 3:1-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа