Евреите 2:7-9
Евреите 2:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Си го направил за кратко малку подолен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце; сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека сѐ му е потчинето. А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.
Евреите 2:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Само за кратко време го направи помал од ангелите, а потоа со слава и со чест го овенча. Му даде власт над се“. Кога вели: „Му даде власт над се“, значи дека Бог не оставил ништо што не е под Негова власт, иако засега не гледаме дека се Му е потчинето. Но Го гледаме Исуса - Кој иако за кратко време беше на пониско место од ангелите, за да страда и да умре за сите, покажувајќи ни ја Божјата благонаклоност - сега Тој е овенчан со слава и чест!
Евреите 2:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Само за малку си го направил помал од ангелите, и си го овенчал со слава и чест и си го поставил над делата од Твоите раце; сѐ си потчинил под неговите нозе.“ А кога му покори сѐ, ништо не му остави непокорено. Но сега уште не гледаме дека му е покорено сѐ. Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите“ - овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.