Евреите 2:5-9
Евреите 2:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Знаеме дека идниот свет за кој ние зборуваме, Бог не им го довери на ангелите. Напротив, како што стои запишано некаде во Светото Писмо: „Што е човекот, та да му обрнуваш внимание, и за синот човечки да се грижиш? Само за кратко време го направи помал од ангелите, а потоа со слава и со чест го овенча. Му даде власт над се“. Кога вели: „Му даде власт над се“, значи дека Бог не оставил ништо што не е под Негова власт, иако засега не гледаме дека се Му е потчинето. Но Го гледаме Исуса - Кој иако за кратко време беше на пониско место од ангелите, за да страда и да умре за сите, покажувајќи ни ја Божјата благонаклоност - сега Тој е овенчан со слава и чест!
Евреите 2:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто Бог не им ја потчини на ангелите идната вселена за која зборуваме, туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него? Си го направил за кратко малку подолен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце; сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека сѐ му е потчинето. А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.
Евреите 2:5-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто не им го покори на ангелите идниот свет, за кого што зборуваме; но некој некаде посведочи и рече: „Што е човекот, та да го спомнуваш; или човечкиот син, та да го посетуваш? Само за малку си го направил помал од ангелите, и си го овенчал со слава и чест и си го поставил над делата од Твоите раце; сѐ си потчинил под неговите нозе.“ А кога му покори сѐ, ништо не му остави непокорено. Но сега уште не гледаме дека му е покорено сѐ. Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите“ - овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.