Евреите 2:5-8
Евреите 2:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Знаеме дека идниот свет за кој ние зборуваме, Бог не им го довери на ангелите. Напротив, како што стои запишано некаде во Светото Писмо: „Што е човекот, та да му обрнуваш внимание, и за синот човечки да се грижиш? Само за кратко време го направи помал од ангелите, а потоа со слава и со чест го овенча. Му даде власт над се“. Кога вели: „Му даде власт над се“, значи дека Бог не оставил ништо што не е под Негова власт, иако засега не гледаме дека се Му е потчинето.
Евреите 2:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто Бог не им ја потчини на ангелите идната вселена за која зборуваме, туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него? Си го направил за кратко малку подолен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце; сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека сѐ му е потчинето.
Евреите 2:5-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто не им го покори на ангелите идниот свет, за кого што зборуваме; но некој некаде посведочи и рече: „Што е човекот, та да го спомнуваш; или човечкиот син, та да го посетуваш? Само за малку си го направил помал од ангелите, и си го овенчал со слава и чест и си го поставил над делата од Твоите раце; сѐ си потчинил под неговите нозе.“ А кога му покори сѐ, ништо не му остави непокорено. Но сега уште не гледаме дека му е покорено сѐ.