Евреите 2:14-15
Евреите 2:14-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бидејќи „чедата“ - како што Тој ги нарече - се луѓе од крв и месо, и самиот Исус стана како нив, со цел преку Својата смрт да го уништи Ѓаволот, кој ја има власта над смртта, и да не ослободи сите нас, кои цел живот живееме како робови на стравот од смртта.
Евреите 2:14-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот; па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.
Евреите 2:14-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бидејќи пак децата имаат учество во месото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, и со смртта да го уништи оној, кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот, и да ги избави оние, кои заради стравот од смртта, цел живот беа во ропство.