Евреите 2:10-13
Евреите 2:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
И навистина, Бог, Кој е Творец на се и Кому Му припаѓа се, постапи соодветно, кога преку страдања Го издигна Исуса во совршен водач, зашто Исус на многу Божји чеда им донесе спасение и слава. Сега и Исус, и оние што ги освети, имаат еден ист небесен Татко. Затоа Исус не се срами да ги нарече браќа, кога на Бог Му се обраќа со следниве зборови: „Твоето име меѓу браќата ќе Го проповедам, и сред собранието ќе Те прославувам!“ А го рече и следното: „Во Бога ќе ја положам Својата доверба.“ И потоа: „Еве Ме заедно со чедата што Ми ги даде Бог!“
Евреите 2:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во слава, преку страдања да го усоврши Зачетникот на нивното спасение. Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи: „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“ И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“
Евреите 2:10-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто Му прилегаше Нему, заради Кого е сѐ и преку Кого е сѐ, откако приведе многу синови во слава, преку страдањата да Го усоврши Началникот на нивното спасение. Зашто и Оној Кој осветува и оние кои се осветувани, сите се од Еден; затоа не се срами да ги нарече браќа кога вели: „Ќе им го навестам Твоето име на Своите браќа, ќе Те фалам среде собранието,“ и пак: „Јас ќе се надевам на Него,“ и пак: „Еве јас и моите деца, кои ми ги даде Бог.“