Евреите 13:5-6
Евреите 13:5-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во вашите постапки не бидете алчни за пари. Бидете задоволни со тоа што го имате. Господ ни ветува: „Нема да ве оставам, нема да ве напуштам!“ Затоа храбро можеме да кажеме: „Јас не страхувам, зашто Господ е со мене; што може да ми направи човекот?“ Повик на следење добар пример
Евреите 13:5-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“; така што слободно да велиме: „Господ ми е помошник, и нема да се плашам; што може да ми направи човек?“
Евреите 13:5-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!“ Затоа можеме смело да речеме: „Господ ми е помошник, нема да се плашам, што може да ми направи човек?“