Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕВРЕИТЕ 13

13
Завршни опомени, совети и поздрави
1Братољубието нека остане! 2Не го заборавајте гостољубието, зашто некои преку него, без да знаат, примија ангели на гости! 3Помнете ги затворениците, како да сте оковани со нив; и оние кои страдаат, зашто и самите сте во тело! 4Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците. 5Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!“ 6Затоа можеме смело да речеме: „Господ ми е помошник, нема да се плашам, што може да ми направи човек?“ 7Помнете ги своите водачи, кои ви го говореа Божјото слово; гледајте на крајот на нивниот начин на живеење, Подражавајте ја нивната вера! 8Исус Христос е ист вчера, и денес, и довека. 9Не дозволувајте да ве заведат со разни и туѓи науки, зашто е добро срцето да биде зацврстувано во благодат, а не со јадења, од кои немаа полза оние, кои живееја преку нив! 10Ние имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат служителите на Шаторот 11Бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во Светилиштето за гревовите, се изгоруваат надвор од станот, 12затоа и Исус, за да го освети народот преку Својата крв, пострада надвор од градската порта. 13И така, да појдеме кон Него, надвор од станот, носејќи ја Неговата мака, 14зашто тука немаме траен град, туку го бараме идниот. 15И така, преку Него да Му принесуваме постојано на Бога пофална жртва, односно: плод на усните, кои го исповедуваат Неговото име. 16А не заборавајте ги: добротворството и делењето со другите, зашто со такви жртви Му се угодува на Бога! 17Бидете им послушни на вашите водачи и покорувајте им се, зашто тие бдеат над вашите души како оние, кои ќе одговараат за тоа; за да го прават тоа со радост, а не со воздишки, зашто тоа не би било полезно за вас.
18Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест, и сакаме да се владееме добро во сѐ. 19Уште повеќе ве молам да го правите тоа, за да ви бидам поскоро вратен.
Молитва
20А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го изведе од мртвите Великиот Пастир на овците, нашиот Господ Исус, 21да ве усоврши во секое добро за да ја извршувате Неговата волја, вршејќи го во нас она, што е угодно пред Него, преку Исуса Христа, Кому да биде слава во вечни векови. Амин!
Поздрав и благослов
22Ве молам, браќа, да не ви биде тешко да го примите оваа слово на утеха, зашто ви го напишав накратко. 23Знајте дека нашиот брат Тимотеј е ослободен, ако дојде скоро, со него ќе ве видам. 24Поздравете ги сите ваши водачи и сите свети. Ве поздравуваат од Италија. 25Благодатта со сите вас. Амин!

Селектирано:

ЕВРЕИТЕ 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност