Евреите 12:14-15
Евреите 12:14-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Трудете се да живеете во мир со секого и да живеете свет живот, зашто без светост никој не ќе може да Го види Господа! Бидете внимателни, за никој да не ја испушти Божјата милостива благонаклоност. Да не изрти меѓу вас некој горчлив корен кој ќе вознемири и затруе мнозина!
Евреите 12:14-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа: гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат, да не би некој горчлив корен, штом изникне, да направи штета, и преку него да се осквернат мнозина
Евреите 12:14-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа, внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен“ и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина