Евреите 12:11-13
Евреите 12:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ниедно укорување не е пријатно; тоа е дури болно во времето кога го примаме. Но подоцна, оние што се одгледани во дисциплина, ќе пожнеат плод на спокојство и праведен живот. Затоа, „подигнете ги премалените раце и зацврстете ги треперливите колена!“ Чекорете по рамниот пат, за да не се онеспособат слабите и сакатите, туку напротив, да оздрават!
Евреите 12:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на оние што ќе се поучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“, и со нозете свои „Направете си прави патеки“, та, она што е куцо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели.
Евреите 12:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена, и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку, напротив, да се исцели.