Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 12:1-15

Евреите 12:1-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Околу нас има толку многу сведоци! Затоа ние треба да го отфрлиме сето бреме што не задржува на патот, а особено гревот, што толку лесно може да не заведе. Истрајно треба да ја трчаме трката која Бог ни ја определи. Погледот треба да ни е вперен во Исус, зашто врз Него се темели нашата вера од почеток до крај. Тој го поднесе срамот кога беше распнат на крст, знаејќи дека Го очекува голема радост и сега седи на почесно место, веднаш до Бог. Помислете само низ што се помина Исус и какви навреди од грешниците истрпе! Затоа и вие не потклекнувајте и не дозволувајте да бидете обесхрабрени! Зашто, во вашата досегашна борба против гревот, се уште никој од вас не настрадал до смрт! Зарем ги заборавивте предупредувачките зборови што ви ги упати Бог како на Свои деца: „Чеда Мои, сфатете ги сериозно Божјите казнувања и не обесхрабрувајте се кога Тој ве укорува, зашто, Господ ги казнува оние што ги сака, и ги укорува оние што ги прифатил како Свои чеда.“ Издржете го строгото воспитување! Бог постапува со вас како со Свои чеда! Кој татко не го дисциплинира своето дете!? Ако сте изземени од укорувањата на кои сите деца се подложни, тогаш не сте вистински чеда, туку незаконски деца! Па и нашите земни татковци не укоруваа, па сепак ги почитувавме! Тогаш, колку повеќе треба да Му бидеме послушни на нашиот духовен Татко, за да живееме! Нашите земни татковци не караа еден кус временски период, како што сметале дека е најдобро. А Бог не кара за наше добро, зашто сака и ние да бидеме свети, како што е и Тој. Ниедно укорување не е пријатно; тоа е дури болно во времето кога го примаме. Но подоцна, оние што се одгледани во дисциплина, ќе пожнеат плод на спокојство и праведен живот. Затоа, „подигнете ги премалените раце и зацврстете ги треперливите колена!“ Чекорете по рамниот пат, за да не се онеспособат слабите и сакатите, туку напротив, да оздрават! Трудете се да живеете во мир со секого и да живеете свет живот, зашто без светост никој не ќе може да Го види Господа! Бидете внимателни, за никој да не ја испушти Божјата милостива благонаклоност. Да не изрти меѓу вас некој горчлив корен кој ќе вознемири и затруе мнозина!

Евреите 12:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себе се­какво бреме и грев, што лесно се при­ле­пува за нас, и со трпеливост да по­бр­за­ме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, по­ради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. Мислете на Оној Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодуш­ни! Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв. И сте ја заборавиле утехата која вам, како на синови ви зборува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господ и не биди малодушен кога те казнува, зашто Господ го казнува оној кого што го сака; го кара секој син што го прима.“ Ако трпите казна, Бог со вас пос­та­пува како со синови. Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува? Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови. Ако се плашиме од нашите татковци кога нѐ казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи? Зашто тие нѐ казнуваат за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за полза, та да учествуваме во Неговата светост. Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жа­лост; но потоа на оние што ќе се поучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“, и со нозете свои „Направете си пра­ви патеки“, та, она што е куцо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели. Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа: гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат, да не би некој гор­члив корен, штом изникне, да направи штета, и преку него да се осквернат мнозина

Евреите 12:1-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Затоа и ние, имајќи околу себе толкав облак сведоци, да ги положиме настрана: секое бреме и гревот кој нѐ сплеткува лесно и да трчаме со трпение на трката што ни е поставена пред нас; гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол. Имено, размислете за Него, Кој претрпе од грешниците такви противења против себеси, за да не се истоштите и за да не станете малодушни. Уште не сте се воспротивеле до крв во борбата против гревот, и ја заборавивте опомената, која ви зборува вам како на синови: „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.“ Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува? А ако сте пак без казна, од која сите добиле дел, тогаш сте незаконски деца, а не синови. Освен тоа, нашите телесни татковци нѐ казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме? Имено, тие нѐ казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост. Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена, и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку, напротив, да се исцели. Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа, внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен“ и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина