Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 10:32-39

Евреите 10:32-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Присетете се на минатото, кога штотуку бевте просветлени, а веќе поднесувавте зачестени напади и страдања! Понекогаш бевте изложени на јавен потсмев, на навреди и прогони, а понекогаш им помагавте на тие што минуваа низ таквите страдања. Сочувствувавте со оние што лежеа в затвор, а кога ви ги одзедоа вашите имоти, тоа го прифативте со радост, зашто знаете дека во вечноста ве очекуваат многу подобри нешта. Затоа, не отфрлајте ја таа доверба во Господ. Не заборавајте каква голема награда носи таа. Она што сега ви треба е трпение, за да продолжите да ја извршувате Божјата волја. Така ќе го добиете сето она што ви беше ветено. Зашто, ,многу бргу, Оној што треба да дојде, ќе дојде и нема да задоцни. Тие што ќе бидат праведни, преку вера ќе живеат, а со тие што ќе Ми свртат грб, нема да бидам задоволен.‘ Но ние не сме од оние што Му вртат грб на Бог и си ја запечатуваат пропаста. Ние имаме вера што ни дава сигурност дека ќе се спасиме.

Евреите 10:32-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Потсетувајте се на вашите пора­нешни денови кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во стра­дањата, било затоа што бевте изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои исто така стра­даа, зашто и на оковите мои се со­жа­лив­те и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот. И така, не напуштајте ја вашата слобода; таа ви носи голема награда. Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Бож­ја, да го добиете ветеното; зашто уште малку, сосем малку и „Оној што иде, ќе дојде и нема да за­доц­ни. А праведниот преку верата ќе биде жив; Јас не се радувам за ниеден кој отстапува.“ Ние, пак, не сме од оние што от­ста­пуваат и гинат, туку од оние кои веруваат и се спасуваат.

Евреите 10:32-39 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Спомнувајте си за поранешните денови, кога просветени претрпевте голема борба на страдања, со тоа што бевте од една страна изложени јавно на хулења и неволји, а од друга страна станавте соучесници на оние кои страдат така. Зашто страдавте заедно и со оние кои беа во окови и со радост го примивте разграбувањето на својот имот, знаејќи дека имате подобар и траен имот. И така, не отфрлајте ја вашата доверба, која има голема награда. Имено, вам ви е потребно трпение, за да ја исполните Божјата волја и да го добиете ветувањето. Зашто: уште малку, мошне малку, и Оној Кој доаѓа ќе дојде, и нема да се забави. А Мојот праведник ќе живее од верата, ако ли се повлече, Мојата душа нема да благоволи во него.“ А ние не сме од оние кои се повлекуваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата.