Евреите 10:23-25
Евреите 10:23-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Да се држиме цврсто и без колебање за надежта што велиме дека ја имаме, бидејќи можеме да имаме целосна доверба дека Бог ќе го исполни ветувањето што ни го даде. Да размислуваме како еден со друг да се поттикнуваме на љубов и добри дела. Да не изостануваме од нашите заеднички богослужби, како што некои тоа имаат обичај да го прават, туку напротив, да се охрабруваме едни со други, особено сега кога гледате дека се приближува денот на враќањето на нашиот Господ!
Евреите 10:23-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И да го држиме исповеданието на надежта цврсто, зашто верен е Оној Кој се заветувал. И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден.
Евреите 10:23-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж, зашто е верен Оној, Кој ветил и да внимаваме на тоа да се поттикнуваме еден со друг кон љубов и добри дела! Да не ги напуштаме своите собранија, како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден друг, и тоа дотолку повеќе, доколку гледате дека наближува Денот!