Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 9:9-17

Создавање 9:9-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас, и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите земни ѕверови, што се со вас, со сѐ она што излегло од ковчегот, со сите земни животни; го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!“ И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за сите идни поколенија: божилак Свој поставувам во обла­кот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата. Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се појави божилакот во облакот, и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот. Божилакот ќе биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја жива душа во секоја плот, што е на земјата.“ И му рече Бог на Ное: „Тоа е зна­кот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, што е на земјата!“

Создавање 9:9-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Еве, Јас го склучувам Својот Завет со вас и со вашето потомство, после вас, и со сите живи суштества што се со вас: со птиците, со добитокот, со ѕверовите, - со сѐ што излезе, со вас од бродот - со сите живи суштества на земјата. Го поставувам Својот Завет со вас, така што никогаш повеќе потопните води нема да ги уништат живите суштества, ниту пак некогаш потопот ќе ја опусти земјата. И Бог рече: „А ова е знакот на Заветот, Што го склучувам меѓу Себе и вас И со сите живи суштества што се со вас, За идните поколенија: Го сместувам Мојот божилак во облакот, За да биде залог за Заветот, Меѓу Мене и земјата. Кога ќе дотерам облаци над земјата, А божилакот се појави во облакот, Ќе си спомнам за Својот Завет, За Заветот меѓу Мене и вас И секое живо суштество: И потоп повеќе нема да има, За да го истреби секое суштество. Кога божилакот ќе се појави во облакот, Јас ќе го видам И ќе си спомнам за вечниот Завет Меѓу Бога и секоја жива душа, И секое тело на земјата.“ И Бог му рече на Ное: „Тоа нека е знак на Заветот, што го склучив меѓу Себе и сите живи суштества на земјата.“