Создавање 6:14-16
Создавање 6:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Изгради си за себе ковчег од дрвото гофер, и направи прегради во ковчегот; потоа намачкај го со смола однатре и однадвор. А изгради го вака: должината на ковчегот да биде триста лакти, ширината негова педесет лакти, а во висина да е триесет лакти. Направи отвор на ковчегот, и засводи го на еден лакот одозгора; стави му и врата на ковчегот отстрана и нека има три ката во него: долен, среден и горен.
Создавање 6:14-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Направи си брод од гоферово дрво; направи го бродот со соби и намачкај го со смола внатре и надвор. А ќе го направиш вака: бродот нека биде триста лакти во должина, педесет во ширина, а триесет лакти во височина. Направи му отвор за светлина на бродот, заврши го на лакт до врвот; направи врата на бродот отстрана; направи три ката во него: долни, среден и горен.