Создавање 45:4-9
Создавање 45:4-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Јосиф им рече на браќата свои: „Дојдете поблизу до мене!“ И тие пристапија; а тој им рече: „Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. А сега, пак, не жалостете се, ниту да жалите што ме продадовте ваму, бидејќи Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш. Зашто има веќе две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ќе нема ни орање, ниту жетва. Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување. И така, не ме пративте вие ваму, туку Бог, Кој ме постави како татко на фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата египетска земја. Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: ‚Вака вели синот твој Јосиф – Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди кај мене, не одлагај.
Создавање 45:4-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јосиф им рече пак на браќата: „Приближете се кон мене!“ Кога се приближија, продолжи: „Јас сум Јосиф, вашиот брат; кого го продадовте во Египет. Но сега не се возбудувајте и не жалете за тоа дека ме продадовте ваму; зашто Бог е Оној, Кој ме испрати пред вас, за запазување на вашиот живот. Веќе две години се откако дојде гладот на земјата, а уште пет години нема да има ни орање ни жетва во земјата. Затоа Бог ме испрати пред вас, за да ви биде запазен остатокот на земјата и да ви го спаси животот со големо избавување. Така, вие не ме испративте ваму, туку Бог; Тој ме постави фараонов татко, господар над сиот негов дом и владетел над целата Египетска Земја. Побрзајте кон мојот татко и речете му: ‘Твојот син Јосиф ти го порачува ова: „Бог ме постави за господар на целиот Египет; слези при мене без двоумење.