Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 45:4-9

БИТИЕ 45:4-9 MKB

Јосиф им рече пак на браќата: „Приближете се кон мене!“ Кога се приближија, продолжи: „Јас сум Јосиф, вашиот брат; кого го продадовте во Египет. Но сега не се возбудувајте и не жалете за тоа дека ме продадовте ваму; зашто Бог е Оној, Кој ме испрати пред вас, за запазување на вашиот живот. Веќе две години се откако дојде гладот на земјата, а уште пет години нема да има ни орање ни жетва во земјата. Затоа Бог ме испрати пред вас, за да ви биде запазен остатокот на земјата и да ви го спаси животот со големо избавување. Така, вие не ме испративте ваму, туку Бог; Тој ме постави фараонов татко, господар над сиот негов дом и владетел над целата Египетска Земја. Побрзајте кон мојот татко и речете му: ‘Твојот син Јосиф ти го порачува ова: „Бог ме постави за господар на целиот Египет; слези при мене без двоумење.