Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 42:1-8

Создавање 42:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога Јаков чу дека во Египет има жито, им рече на своите синови: „Што чекате?“ „Ете, слушам дека во Египет има жито; одете таму и купете ни жито, за да останеме живи и да не умреме!“ И десетмината браќа Јосифови отидоа во Египет да купат жито. А Венијамин, братот Јосифов, Јаков не го пушти со браќата негови, велејќи: „За да не го снајде по патот некоја несреќа.“ И дојдоа синовите Израелови да купат жито заедно со другите што доаѓаа, бидејќи и во хананската земја владееше глад. А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа земја. И браќата Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија со лицето доземи. А Јосиф, штом ги виде браќата свои, ги позна; но се правеше како да не ги познава, и остро им проговори и рече: „Од каде сте дојдени?“ А тие одговорија: „Од хананската земја, да купиме храна.“ Јосиф, пак, ги позна браќата свои, но тие него не го познаа.

Создавање 42:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Јаков чу дека има жито во Египет, им рече на своите синови: „Зошто гледате еден во друг! Чув дека има жито во Египет! Отидете долу и набавете ни го оттаму, за да останеме во живот и да не изумреме.“ Така десетте Јосифови браќа слегоа да набават жито во Египет. Јаков не го испрати со другите Венијамина, вистинскиот Јосифов брат. Велеше: „Да не му се случи некаква несреќа.“ Меѓу оние кои одеа да набават жито, зашто владееше глад во Ханаанската Земја, беа и Израелевите синови. Јосиф беше управител во земјата; тој му продаваше жито на сиот народ на земјата. Така и Јосифовите браќа дојдоа и му се поклонија со лицето до земјата. Јосиф ги препозна браќата, штом ги здогледа, но се однесуваше кон нив како странец и им зборуваше остро. Ги праша: „Од каде доаѓате?“ Одговорија: „Од Ханаанската Земја, дојдовме да купиме храна.“ Иако Јосиф ги препозна своите браќа, тие не го препознаа него.