Кога Јаков чу дека во Египет има жито, им рече на своите синови: „Што чекате?“ „Ете, слушам дека во Египет има жито; одете таму и купете ни жито, за да останеме живи и да не умреме!“ И десетмината браќа Јосифови отидоа во Египет да купат жито. А Венијамин, братот Јосифов, Јаков не го пушти со браќата негови, велејќи: „За да не го снајде по патот некоја несреќа.“ И дојдоа синовите Израелови да купат жито заедно со другите што доаѓаа, бидејќи и во хананската земја владееше глад. А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа земја. И браќата Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија со лицето доземи. А Јосиф, штом ги виде браќата свои, ги позна; но се правеше како да не ги познава, и остро им проговори и рече: „Од каде сте дојдени?“ А тие одговорија: „Од хананската земја, да купиме храна.“ Јосиф, пак, ги позна браќата свои, но тие него не го познаа.
Прочитај Создавање 42
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 42:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа