Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 32:22-30

Создавање 32:22-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Така даровите тргнаа пред него, а тој преноќева таа ноќ кај таборот свој. И ноќта стана, па откако ги зеде обете жени свои и обете слугинки и еди­наесетте синови свои, го премина потокот Јавок на едно плитко место. А откако нив ги зеде и ги преведе преку потокот, пренесе и сѐ друго што имаше. А кога остана Јаков сам, тогаш Некој се бореше со него до зори. И кога виде дека не може да го совлада, му го стегна зглобот на бедрото негово, така што на Јаков му се измести колкот од зглобот додека се бореше со Него. Па тогаш рече: „Пушти Ме веќе, зора е!“ Но Јаков одговори: „Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш!“ И му рече: „Како се викаш?“ А тој одговори: „Јаков.“ Тогаш му рече: „Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израел; зашто се бореше со Бога, и со луѓето и ги победи.“ А Јаков праша и рече: „Кажи ми го името Твое!“ А Тој одговори: „Зошто прашуваш за името Мое?“ И го благослови таму.

Создавање 32:22-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И стана во таа ноќ, ги зеде своите две жени, своите две слугинки и своите единаесет деца и премина преку бродот на Јавок. И ги зеде, ги помина преку потокот, и преведе сѐ свое. И Јаков остана сам. И Некој се бореше со него до зазорување. Откако виде дека не може да го совлада, му го измести бедрото при зглобот, така што на Јакова му се измести колкот додека се бореа. Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!“ Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.“ Тогаш, го праша: „Како ти е името?“ Одговори: „Јаков.“ Оној му рече: „Отсега не ќе ти биде името Јаков, а Израел, зашто се бореше со Бога и со луѓето, и победи.“ Јаков го праша: „Кажи ми го Твоето име?“ А Тој рече: „Зошто прашуваш за Моето име, тоа е чудно?“ И го благослови таму. Јаков го нарече местото: Фануил, зашто - рече - „Го видов Бога лице во лице, и останав жив.“