Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 32:22-30

БИТИЕ 32:22-30 MKB

И стана во таа ноќ, ги зеде своите две жени, своите две слугинки и своите единаесет деца и премина преку бродот на Јавок. И ги зеде, ги помина преку потокот, и преведе сѐ свое. И Јаков остана сам. И Некој се бореше со него до зазорување. Откако виде дека не може да го совлада, му го измести бедрото при зглобот, така што на Јакова му се измести колкот додека се бореа. Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!“ Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.“ Тогаш, го праша: „Како ти е името?“ Одговори: „Јаков.“ Оној му рече: „Отсега не ќе ти биде името Јаков, а Израел, зашто се бореше со Бога и со луѓето, и победи.“ Јаков го праша: „Кажи ми го Твоето име?“ А Тој рече: „Зошто прашуваш за Моето име, тоа е чудно?“ И го благослови таму. Јаков го нарече местото: Фануил, зашто - рече - „Го видов Бога лице во лице, и останав жив.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со БИТИЕ 32:22-30