Создавање 26:7-9
Создавање 26:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А луѓето во тоа место прашуваа за жената негова, а тој велеше – сестра ми е – зашто се плашеше да каже – жена ми е – за да не го убијат луѓето од тоа место заради Ревека, бидејќи таа беше убава. Но откако мина многу време, Авимелех, царот филистејски, погледна низ прозорец, и виде како Исак се забавува со Ревека, жената своја. И го викна Авимелех Исак и му рече: „Па, таа ти била жена; а зошто рече – сестра ми е?“ – А Исак му одговори: „Зашто помислив дека ќе загинам поради неа.“
Создавање 26:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога месните жители го прашаа за неговата жена, рече: „Таа ми е сестра.“ Се плашеше да рече: „Таа ми е жена,“ мислејќи: „Месните жители можат да ме убијат заради Ревека, зашто е убава.“ Бидејќи таму се задржаа подолго, царот на Филистејците Авимелех еднаш погледна низ прозорецот и виде дека Исак ја милува својата жена Ревека. И Авимелех го повика Исака и рече: „Така, таа ти е жена! Како можеше да речеш дека ти е сестра?“ Исак му одговори: „Зашто мислев дека можам да загинам заради неа.“