Создавање 22:1-3
Создавање 22:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По тие настани Бог, искушувајќи го Авраам, рече: „Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ Бог продолжи: „Земи го синот твој единец Исак, кого што многу го сакаш, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!“ И утредента рано, откако стана, Авраам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исак, синот свој; па, откако нацепи дрва за жртвата, се крена, и појде на местото, за кое му рече Бог.
Создавање 22:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
По тие настани Бог го стави на проверка Авраама. Го повика: „Аврааме!“ Тој одговори: „Еве ме!“ Бог продолжи: „Земи го својот син, својот единец Исак, кого го љубиш, и отиди во месноста Морија и принеси го таму како жртва паленица, на ридот што ќе ти го покажам.“ Утрото Авраам стана рано, му стави самар на ослето и ги поведе со себе, двајцата свои слуги и сина си Исака, откако пред тоа нацепи дрва за жртва паленица, и се запати кон местото што Бог му го означи.