Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 15:6-19

Создавање 15:6-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност. И му рече: „Јас сум Господ, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја да­дам оваа земја, да ја владееш.“ А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе познаам дека ќе ја наследам?“ И му рече: „Принеси Ми јуница од три години, и коза тригодишна, и овен од три години, а и грлица и млад гу­лаб!“ И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; само птиците не ги преполови. А птици грабливки слетуваа на лешевите; но Аврам ги бркаше. А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврам длабок сон, и ете, го опфати голем мрак – и го обзеде ужас. И Господ му рече на Аврам: „Знај дека потомците твои ќе бидат придојдени во туѓа земја, ќе робуваат и ќе ги мачат четиристотини години. Но јас ќе го судам народот кај кого тие ќе бидат во ропство; потоа тие ќе излезат оттаму со големо богатство. А ти ќе отидеш кај татковците свои во мир, и ќе бидеш погребан во среќна старост. Тие, пак, во четвртото колено ќе се вратат ваму; зашто беззаконијата на Аморејците уште не го достигнале својот врв.“ А кога сонцето зајде и падна мрак, ете, дим како од печка и огнен пламен, помина меѓу оние делови. Во тој ден Господ направи завет со Аврам, велејќи: „На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат: Кенијците, Кенизијците, Кадмониј­ци­те

Создавање 15:6-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Аврам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност. Тогаш Тој му рече: „Јас Сум Господ, Кој те изведе од Халдејскиот Ур, за да ти ја предадам оваа земја во наследство!“ А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе знам дека ќе биде моја?“ Господ му одговори: „Принеси ми тригодишна јуница, тригодишна коза, тригодишен овен, грлица и гулапче.“ Тој Му донесе сѐ тоа, ги расече наполовина и ги стави половините една спроти друга; птиците не ги пресече. Грабливи птици слетуваа на труповите, но Аврам ги растеруваше. При зајдисонце, длабок сон го опфати Аврама, а тогаш густ мрак се спушти врз него, полн со морничавост. И Господ му рече на Аврама: „Знај дека твоите потомци ќе бидат странци во туѓа земја; ќе робуваат и ќе бидат угнетувани четири стотини години; ама Јас ќе му судам на народот кому ќе му робуваат; и конечно ќе излезат со големо благо. А ти ќе отидеш при своите татковци во мир; ќе бидеш погребан во добра старост. Твоите потомци ќе се вратат тука во четвртото поколение, зашто уште не се исполни мерата на аморејските злодела.“ А кога сонцето зајде и падна густа темнина, ете, дим како од печка, а огнен пламен помина меѓу расечените делови. Во тој ден Господ склучи завет со Аврама, велејќи: „Му ја давам земјава на твоето потомство, од Реката во Египет до Големата Река, реката Еуфрат: земјата на: Кенејците, Кенезијците, Кедмонејците